Закажете термин за бесплатно тестирање

Фотелја за масажа anima 2-D

Фотелјата за масажа anima 2-D, благодарение на вградениот L-track механизам, овозможува квалитетна масажа почнувајќи од вратот, па сè до задниот дел на бутовите.

Оваа фотелја за масажа нуди различни масажни техники: гмечење, растривање, потчукнување, тапкање, шиацу, воздушна компресија и др. Една од предностите што ја има оваа фотелја е тоа што масажните ролери можат да се движат во форма на буквата S, со што се овозможува поинакво чувство на опуштеност.

Во изработката на оваа фотелја користена е најквалитетна еко-кожа. Фотелјата е мошне лесна (50 kg) и има компактни димензии, со што е овозможено нејзино лесно поместување (има вградени тркалца). Една од големите предности на оваа фотелја за масажа е што можете да ја поставите и во мала просторија, затоа што не зафаќа многу простор.

Аудио функција со Bluetooth
вградени звучници

Бежичната врска со мобилни уреди овозможува да го поврзете Вашиот телефон со вградените звучници во фотелјата, за да уживате во својата омилена музика.

Докажано е дека слушањето релаксирачка музика помага во подобрувањето на состојбата на организмот, како и за побрзо опуштање на заморените мускули.

Навалување

Фотелјата е опремена со механизам за навалување до 35 степени. При навалувањето, тежината на секој дел од телото се распоредува рамномерно врз фотелјата за масажа, така што нема никаков притисок врз телото. Оваа позиција на телото е мошне слична со бестежинската состојба, па така можете да уживате во апсолутна опуштеност.

Масажа на бутовите со воздушна компресија

Фотелјата anima 2-D има воздушни перничиња, кои се наоѓаат во зоната на бутовите и карлицата. Масажата на тие зони го подобрува оформувањето на бутовите.

Воздушните перничиња се поставени така што чувството од нивната воздушна компресија е пријатно и ефикасно за телото..

Масажни ролери со загревање

Со опцијата за загревање на ролерите, фотелјата овозможува топлинска терапија од вратот до бутовите, преку која се намалува чувството на студ и ја подобрува релаксацијата на мускулите.

Лесен и удобен контролен панел, вграден во самата фотелја

1. On/Off копче

2. Два автоматски режими на масажа

3. Стоп/пауза

4. Режим на масажа –гмечење/растривање

5. Режим на масажа –потчукнување/тапкање

6. Позиционирање на масажата

7. Регулирање на брзината на масажата

8. Контрола на воздушната компресија

9. Функција за загревање

10. Избор на фиксна точка за масажа

11. Регулирање на навалувањето

12. USB интерфејс за полнење мобилен телефон

Карактеристики

Тежина: 50 кг.
Потрошувачка на ел. енергија: 96W