Закажете термин за бесплатно тестирање

Нов тип интелигентна 3-D масажа

Со најновата иновација за подобрување на 3-D масажата на грбот и можноста за активирање на уникатната функција на притисок во рамениот појас, оваа фотелја ја прави масажата на вратот, рамењата, грбот и слабинскиот појас околу струкот, понежна и покомфорна, имитирајќи ги масажните движења и методи на традиционалната кинеска масажа. Уживајте во чувството на пријатно масирање, исто како да сте на масажа кај професионален масажен терапефт.

Anima-3-D-fotelja-za-masaza

Функција на скенирање на телото и пребарување на акупунктурните точки

Со овие функции фотелјата обезбедува попрецизно масирање на луѓе со различна телесна тежина и различна телесна градба.

Терапија со загревање

Со уникатната кинеска терапија на загревање на седалниот предел, слабинскиот појас и делови на нозете, се постигнува подобрување на циркулацијата на крвта и олеснување на болките во телото.

anima-3-d-zagrevanje

Најновата технологија во изработката на L-рамка

Истражувањата во полето на статичкиот и постурален инжинеринг на човечкото тело, резултираа со развивање на посебно долга L-рамка на фотелјата, по која се движат масажните ролери. L-рамката ги прати физиолошките кривини на телото и овозможува брзо попуштање на притисокот долж и околу ‘рбетот, за целосно уживање во масажата, од главата до петиците.

Позиција “Нулта гравитација” за “бестежинска состојба”

Само едно притиснување на копчето Zero-Gravity, го доведува телото во лежечка позиција со инстантно попуштање на притисокот во зглобовите и долж ‘рбетот, овозможувајќи го искуството на бестежинска состојба.

Научниците на NASA откриле дека во ваква положба телото на космунаутите најмалку се оптеретува, па затоа додека патуваат во вселената, нивното тело е поставено во оваа положба. 

Искористување на просторот

Со стартување на масажата, потпирачот за грбот и седечкиот дел на фотелјата едновремено се поместуваат за 8 cm нанапред од ѕидот, што овозможува ефикасно искористување на просторот. 

Bluetooth конекција

Со напредната бежична Bluetooth технологија, фотелјата можете да ја поврзете со Вашиот мобилен телефон и непречено да одговарате на телефонските повици, како и да слушате музика од мобилен телефон или таблет.  

Масажа на рацете

Компресивната воздушна масажа на рацете ја подобрува циркулацијата во крвните капилари.

Карактеристики

Тежина: 87 кг.
Потрошувачка на ел. енергија: 150W

Симнете упатство за употреба

Типови масажа