Закажете термин за бесплатно тестирање

Фотелја за масажа anima 4-D

Ова е најсовремената фотелја на денешницата, која е опремена со најнови патентирани технологии кои ја прават масажата дури и подобра од рачната масажа.

Согласно принципите на ергономијата, оваа фотелја ги спојува во едно потпирачите за рацете, грбот и нозете, за да овозможи масажа на целото тело – од главата до петиците.

Патентиран механизам за 4-D масажа

Во фотелјата е вграден најсовремен механизам за 4-D масажа, за посилна и подлабока масажа фокусирана на задникот. Овој механизам обезбедува масажните ролери совршено да ја следат формата на телото и тие совршено да го имитираат масирањето со човечки раце. За разлика од други фотелји за масажа кај кои ролерите можат да достигнат до максимум 7 cm во длабочина, кај оваа фотелја (на пример при масажата на задникот и бедрата), ролерите одат и до 10 cm во длабочина. Интезитетот на продирањето на ролерите во длабочина се подесува преку бежичниот далечински управувач.

Механизмот за 4-D масажа го турка вашето тело кога се врши масажа на рамената со воздушен притисок. Ефектот на оваа масажа е растегнување на градниот кош и растегнување на телото.

Ова е почетокот на ерата на хипер-просторните фотелји за масажа.

Прецизен систем за скенирање на телото

Со иновативната техника за откривање на телото и теоријата за следење на пулсот на аку-точките базирана на илјадагодишната теорија за традиционалната кинеска медицинска масажа и на физичките карактеристики на телото, преку бионички интелигентен систем за откривање, фотелјата anima 4-D може да ги открие вратот, рамената, грбот, половината и задникот, за да обезбеди попрецизна и подлабока масажа, како и масажа на една точка за корисници со различна висина и на тој начин да им овозможи на корисниците професионална масажа врз основа на традиционалната кинеска медицина.

Масажа според принципите на традиционалната кинеска медицина

Како што е наведено во „Теоријата за лекување на Хуанг Ди“, хармоничната координација на меридијаните е основниот принцип што треба да се применува при медицинскиот третман. Затоа, основната иновација на фотелјата за масажа anima 4-D се заснова на принципите на 12 меридијани на традиционалната кинеска медицина, според кои се масираат специфичните точки на меридијаните и акупунктурните точки, со што се подобрува циркулацијата на крвта и се активираат телесните функции, со цел да се постигне хармонична рамнотежа помеѓу Јин и Јанг. Јин припаѓа на Фу, а Јанг припаѓа на Занг. Јин се хармонизира со Јанг, а Занг се хармонизира со Фу, па во телото се формира целосна и хармонична мрежа на меридијани. Координацијата помеѓу Јин и Јанг и Занг и Фу е основна за здравјето и медицинското лекување на телото. Одржувањето хармонична координација помеѓу меридијаните е корисно за добрата состојба на здравјето.

Нова заоблена рамка

Најновата иновација – специјална L-рамка, за повеќеаголна интегрирана масажа на грбот, задникот и бедрата L-рамката е механизам што обезбедува длабочинска масажа, следејќи ја S-облината на телото. Механичката основа може да допре до долниот дел од задникот и бедрата. Заоблената рамка совршено се совпаѓа со човечкото тело што овозможува точна масажа која ги стимулира акупунктурните точки на грбот, ослободува од заморот и му помага на телото да ја врати физичката форма.

Нова технологија на масажа со воздушни перничиња

Масажата со воздушни перничиња се применува кај повеќето фотелји за масажа, но новината кај фотелјата anima 4-D е што се користат повеќеслојни, прогресивни воздушни перничиња кои можат да вршат слаба или јака длабинска масажа на мускулите и аку точките, со што во голема мера се исполнуваат барањата на традиционалката кинеска медицинска масажа. Распоредени се така да покријат различни точки на телото. Тие нудат релаксирачка масажа на рамената, крстот, карлицата, бутовите, рацете, нозете и стапалата. Со своето пулсирање воздушните перничиња ја зголемуваат циркулацијата на крвта. Напредните воздушни перничиња имаат повеќе слоеви и може да вршат слаба или силна длабока масажа на мускулите и аку-точките.

Масажа на рацете со воздушна компресија

Фотелјата anima 4-D користи воздушни перничиња вградени во потпирачите за раце во вид на вселенска капсула со перфорирана површина. На тој начин, рацете (подлактиците) добиваат удобна масажа без оглед на аголот на наваленоста на фотелјата. Оваа функција во комбинација со масажата со воздушна компресија на седиштето и на нозете, како и функцијата за “нулта гравитација”, му овозможува на телото да ужива во чувството на удобност.

Ролери за масажа на грбот со загревање за совршена масажа

Фотелјата за масажа anima 4-D користи најнова технологија на ролери за масажа со загревање кои нудат целосно загревање додека ролерите ги масираат рамената, грбот, половината и задникот. Оваа технологија, во комбинација со функцијата за загревање, создава уникатен топол систем што ја подобрува циркулацијата на крвта, ефикасно го отстранува заморот и значително го подобрува ефектот на масажата.

Терапија 360 степени, со затоплување на стапалата

Врз основа на валјаците на обичните фотелји за масажа и техниката на брзо вртење на ролерите, во фотелјата anima 4-D употребена е иновативна техника на двонасочно вртливо притискање на стапалата, во комбинација со затоплување на стапалата. Оваа техника овозможува најдобра масажа на стапалата и е одлична за вашето здравје и долговечност.

“Нулта гравитација” за подобрување на квалитетот на сонот

Со синхронизација на потпирачот за грб, седиштето и потпирачот за нозете преку повеќе аголниот променлив модул, се создава сосема опуштена, природна и удобна положба во којашто нозете се поставени повисоко од телото под агол од 128º ± 7º, што ги одржува телесните функции на оптимално ниво.

Положбата „нулта гравитација“ е најприродната и најопуштената положба за телото за масажа што го намалува крвниот притисок и го намалува притисокот во ’рбетот, а го зголемува дотокот на крв и кислород во мозокот, со што се подобрува квалитетот на спиењето и се отстранува заморот.

Врз основа на теоријата за “нулта гравитација” на NASA и основните принципи на традиционалната кинеска медицина, фотелјата anima 4-D ја овозможува најудобната положба за масажа во „нулта гравитација“.

Масажа со растегнување за подобро опуштање

anima 4-D е опремена со техники за тајландска масажа што го растегнуваат целото тело, така што грбните мускули и лигаменти целосно се опуштаат и така поефикасно се отстранува заморот. Исто така, оваа техника овозможува телото ритмички да се ниша и така корисникот може да се опушти и да ужива. 

Многубројни подесувања на системот за масажа на нозете

Фотелјата има независен потпирач за нозе којшто е соодветен за индивидуалните потреби на корисникот за масажа: потпирачот за нозе на anima 4-D е направен со можност за независна контрола, за да одговара на индивидуалните потреби за интензитет на масажата.

Аудио функции

Поврзете ја фотелјата преку Bluetooth со вашиот смартфон или таблет, за да пуштите музика по ваш избор. Фотелјата можете да ја активирате и преку гласовни наредби, за уште поголемо уживање во масажата.

Релаксирачка масажа со музика

Од секоја страна на главата кај фотелјата anima 4-D има два квалитетни звучника што ви овозможуваат да слушате MP3 музика преку Bluetooth; во меѓувреме, ритамот на масажата се приспособува според ритамот на музиката. Оваа масажа ви ја смирува душата и ви го опушта телото.

Управување преку вграден таблет или смартфон

Можете да го користите вградениот таблет за да управувате со фотелјата, преку Bluetooth и претходно инсталирана апликација за iOS или Android.

Во фотелјата е вграден колор LCD екран од 18 cm во дијагонала со висока резолуција, преку кој лесно и брзо може да се пристапи до сите функции. Исто така преку патентираниот физиолошки систем за real time мониторинг, можете да добиете корисни информации за вашето здравје како мерење на пулсот и сатурација на кислород во крвта.

Вградени јонизатори на воздухот во фотелјата

Негативните јони кои ги создава фотелјата при нејзината работа, дејствуваат поволно на различни константи на крвта, го зголемуваат респираторниот капацитет, ги стимулираат функциите на кардиоваскуарниот и циркуларниот систем, го подобруваат биотопот на мозокот и ја зголемуваат количината на кислород во крвта. Ги намалуваат главоболките, ја забрзуваат апсорпцијата на витамини и ги подобруваат рефлексите.

Заштеда на простор

Со својата нова микро просторна интелигентна технологија за лизгање, anima 4-D може да се постави на само 8 cm од ѕидот. Откако ќе се вклучи, автоматски се лизга напред и така заштедува простор и се вклопува во секој дом или канцеларија.  

Издржлива конструкција

Во изработката на фотелјата anima 4-D употребена е технологија на челичната рамка како кај луксузните автомобили: внатрешната рамка на фотелјата е направена од челик со висок квалитет, кој е обложен со фосфатен електростатски слој (технологија против кородирање што се користи кај луксузните автомобили). Рамката е направена да издржи минимум 50 години!

Строгата контрола на производство гарантира квалитет

Секој дел од фотелјата е произведен според најстрогите стандарди за производство. Постојат 5 главни категории кои опфаќаат над 169 процедури за проверка на квалитетот на anima фотелјите за масажа, како што се проверка на суровините, проверка на процесот на составување на полу-производите, проверка на монтажниот процес и финална проверка на фабричкиот производ.   

Пријатен материјал од кожа

Фотелјата anima 4-D користи висококвалитетна кожа отпорна на оган, што е лесна за чистење, не мириса и е одлична за човечкото тело, а овозможува здрава и удобна масажа.

Супертивка работа

Фотелјите anima користат мотори со докажан квалитет кои се тивки и долготрајни. Нивото на бучава при работа е под 50 dB, така што можете удобно да уживате во својата масажа додека разговарате или гледате телевизија.  

Еколошка, штедлива технологија

Фотелјата за масажа anima 4-D има мала потрошувачка на енергија. Напојувањето за работа на фотелјата е 240W, a потрошувачката на енергија е само 1W во режим на мирување, што ги исполнува европските ЕКО стандарди. Моторот, вентилите и воздушната пумпа користат безопасен напон од 24V.

Карактеристики

Тежина: 159 кг.
Потрошувачка на ел. енергија: 240W

Типови на масажа

Други фотелји за домашна и канцелариска употреба